in

СлаткоСлатко

Наоми Кемпбел се расплака на модна писта во Париз (ВИДЕО)

Британскиот модел Наоми Кемпбел (53) е вистинска икона во светот на модата, а со својата појава и харизма ги засенува и нејзините помлади колешки.

Причината е што ја носеше последната колекција на дизајнерката Сара Бартон, која ја напушта својата позиција по 13 години раководење со модната куќа.

„Чест е да се затвори ова поглавје на прекрасната Сара Бартон. Вие не само што сте неверојатно креативна, вие сте извонредна сопруга, мајка и најверна пријателка со најчисто срце. Ова не е збогум, ова е почеток на нова ера Сара Бартон“, напиша супермоделот во емотивната порака на Инстаграм.

Сара Бартон не ги откри причините за нејзиното заминување, па нејзината одлука да ја напушти единствената модна куќа во која работеше сè уште интригира многумина, но претходно во медиумите зборуваше за тоа колкав притисок носи нејзината работа.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote