in ,

СлаткоСлатко

Напиток за пролетно чистење на телото кој го „скротува желудникот“

Сонцето е љубезно кон нас, часовниците се поместуваат напред, деновите се подолги, па дури и кратките прошетки во природа ни ги полнат батериите. Дополнително, убавото и топло време ја зголемува и желбата за јадење овошје, зеленчук и поладна храна, кои се идеален избор кога сакаме освежување.

За придобивките од лимонот се зборува многу и често, но уште еднаш ќе повториме дека тоа е цитрусно овошје кое е богато со минерали и витамини важни за здравјето.

И циметот и ѓумбирот се суплементи кои, меѓу другото, прават чуда за варење.

Состојки за „скротувач на желудник“:

  • 1 чаша ананас – свеж или конзервиран
  • 1/2 исцеден лимон
    1 лажичка мелен ѓумбир
    1 лажичка цимет
    2 чаши вода

Подготовка:

Само во блендер ставете сецкан ананас заедно со другите состојки, добро измешајте и уживајте во освежителниот пијалок и сите благодети што ги носи.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote