in

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Направете компот од сливи! Брзо подготвена зимница која трае долго

Компотот од сливи се прави лесно и брзо, а може да се ужива во текот на целата година.
Во сезоната на сливи, користете го ова вкусно и евтино овошје за да направите компот. Сливите од компот може да се користат за разни колачи, а можете да ги јадете сами – вкусни се и богати со хранливи материи.

За домашен компот од сливи ви требаат цели сливи. Плодовите мора да бидат неоштетени, здрави, цврсти и незрели.

Состојки:

5 кг сливи
500 гр шеќер
2 литри вода
1 лажичка конзерванс

Подготовка:

Добро измијте ги сливите и извадете ги коштилките.

Во тенџере сварете ја водата и шеќерот (10 – 15 минути) и додадете ги сливите и варете 3 минути, внимавајќи да не пукнат.

Подгответе чисти и стерилизирани тегли и во нив ставете варени сливи.

Наредете ги до 2/3 од површината на теглата и прелијте го со остатокот од сирупот добиен со варење на сливите.

На крајот додадете една кафена лажичка конзерванс, затворете ги теглите и ставете ги во густа крпа или завиткајте ги во ќебе за постепено да се изладат.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote