in ,

УбавоУбаво СлаткоСлатко

Различна од другите: Пита од компири Бидејќи главната состојка е компирот има интересен вкус и ќе донесе промена во вашето мени

За вечера што треба да ја подготвите брзо и без да ве чини премногу, можете да изберете фина пита од компир. Во суштина, изгледа како еден вид проја, но бидејќи главната состојка е компирот, има подолг и поинтересен вкус и ќе донесе промена во вашето мени.

Состојки:

  • 3 јајца
    90 мл масло
    650 гр компири
    1 голем кромид
    120 гр сирење фета
    200 гр цврст јогурт
    100 гр брашно
    100 гр палента
    малку магданос
    1 лажичка прашок за пециво
    бибер и сол
    малку сирење и сусам за наросување
  • Подготовка:

Подгответе ги сите состојки. Плехот за печење премачкајте го со масло, посипете го со брашно или палента. Измешајте јајца со сол, масло, додадете магдонос, јогурт и добро измешајте. Потоа додадете рендано сирење, палента, брашно и добро измешајте.

Исечете ги компирите на мали коцки и додајте во изматената смеса, па зачинете со бибер, сол и добро измешајте со лажица да се комбинира сè убаво. Истурете ја смесата во плех, распоредете сирење и семе од сусам по желба и печете на 190 степени 30 минути, додека не добие убава златно / кафеава боја.

 

На здравје!

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote