in

Што?Што?

Првпат извршена трансфузија на крв која е создадена во лабораторија

Крв направена во лабораторија првпат му била вбризгана на човек, а тоа било направено во склоп на првото клиничко тестирање на лабораториска крв во светот.

Станува збор за мала количина крв за да се сфати како организмот ќе реагира на неа. Научниците сметаат дека трансфузиите и натаму ќе се прават врз основа на дарување крв, но целта е да се направат ретки крвни групи.

Тоа им е најпотребно на оние кои зависат од чести трансфузии поради различни заболувања. Доколку крвта не одговара целосно, тогаш организмот не ја прифаќа, а со самото тоа лекувањето не е успешно.

 

Професорка од британскиот Универзитет Бристол, Ешли Тој, спомнала дека во Велика Британија постојат само десет лица кои можат да донираат крв на оние кои имаат исклучително ретка крвна група.

На лабораториското произведување крв биле ангажирани научници од Универзитетот Бристол, Кембриџ, Лондон и Националниот здравствен систем во Велика Британија.

Процесот на произведување трае три седмици, т.е. сè додека крвните зрнца не се во состојба погодна за трансплантација.

Во клиничкото тестирање учествувале две лица, а целта е крвта да се тестира меѓу најмалку десет здрави лица.

 

Ќе се добијат две дози крв во количина од пет до десет милилитри за минимално четири месеци. Во првата доза ќе има природна крв, а во втората ќе има лабораториски создадена крв. Научниците очекуваат лабораториски создадената крв да биде подобра и од природната.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote