in ,

СлаткоСлатко

САЛАТА СО ЈАГОДИ И ПРШУТА! Неверојатна комбинација на која никој нема да може да и одолее!

Неколку јагоди, маслиново масло, пршута и уште неколку состојки ќе бидат доволни за оваа одлична салата.
Доколку сте љубители на салата, сигурно ќе ви се допадне оваа необична комбинација:

 

СОСТОЈКИ:

  • маслиново масло
    грст и пол рукола
    200 гр јагоди
    100 гр пршута
    малку капер
    малку свеж босилек и нане
    балсамико оцет

ПОДГОТОВКА:

Руколата измијте ја, исушете ја, ставете ја во сад, па додадете ја ситно исечканата пршута, сечканите јагоди и исцедените каперси. Намачкајте со маслиново масло и балсамико, зачинете со свеж босилек и листови од нане, измешајте и послужете веднаш.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote