in ,

СлаткоСлатко

Швајцарија – Мала џиновска желка, прва албино од ваков вид, родена во зоолошка градина

Во една швајцарска зоолошка градина е родено едно од најретките животни во светот – џиновска албино желка од Галапагос.

Вработените во зоолошката градина „Тропиквариум“ во Сервион, Швајцарија, се пресреќни поради раѓањето на две џиновски желки.

Само по себе, ова е прилично ретко, бидејќи стапката на успех на парење е само околу два до три проценти за овој вид на желки.

И уште понеобично е што едно бебе е целосно бело.

„Ова е прв пат во светот да се роди албино желка од Галапагос во заробеништво. Никогаш не е видена албино желка во дивината“, се вели во соопштението на зоолошката градина.

Вработените во зоолошката градина проценуваат дека шансите да се случи ова се само една од 100.000, бидејќи се смета дека албинизмот е до пет пати поретки кај желките отколку кај луѓето.

Новинската агенција Ројтерс наведува дека мајката има околу 30 години и тежи повеќе од 100 килограми, додека мажјакот тежи дури 180 килограми.

Двојката штотуку достигна сексуална зрелост.

Мајката снела пет јајца на 11 февруари, а две бебиња извеле во мај, откако јајцата поминале два и пол месеци во инкубаторот.

Сепак, тие за прв пат беа претставени пред посетителите дури во јуни.

Детските желки тежат околу 50 грама при раѓањето и, како што можете да видите, се вклопуваат во вашата дланка.

Албинизмот е ретко наследно нарушување кое резултира со недостаток на пигментација на косата, кожата и очите.

Поради недостаток на меланин во кожата, луѓето со албинизам се поподложни на штетното влијание на сонцето.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote