in ,

Што?Што?

Таблета која ги уништува сите видови цврсти тумори во рана фаза

Новиот молекул – со кодно име AOH1996 – таргетира протеин присутен во повеќето видови на рак кој им помага на туморите да растат и да се размножуваат во телото.

Најновата студија, објавена во списанието „Сел кемикал бајолоџи“ (Cell Chemical Biology), откри дека новиот лек бил тестиран на повеќе од 70 клеточни линии на рак и неколку нормални човечки клетки кои немале рак, но биле користени како контрола.

Молекулот селективно ги убил канцерогените клетки така што го попречувал нивниот нормален репродуктивен циклус, спречувајќи ги клетките со оштетена ДНК да се поделат, запирајќи ја нивната понатамошна репликација, т.е. дуплирање на оштетените клетки.

Оваа комбинација на фактори предизвика клетките на ракот да умрат без да ги оштетат здравите клетки во процесот.

Лекот во моментот се тестира на луѓе во првата фаза на клиничкото испитување во медицинскиот центар за лекување на рак во Калифорнија.

 

Експериментите покажаа дека испитуваната таблета ги направила клетките на ракот поподложни на хемиските агенси кои предизвикуваат оштетување на ДНК или хромозомите, што укажува на тоа дека „АОХ1996“ може да биде од помош во комбинираните терапии и лековите што се применуваат.

Како следен чекор, истражувачите ќе настојуваат подобро да го разберат механизмот на дејствување за дополнително да го унапредат тековното клиничко испитување на луѓе.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote