in

Што?Што? WTFWTF

Тоалетна вода која предизвикува неплодност – Ако ја имате фрлете ја!

Државниот инспекторат на Србија ги извести граѓаните за повлекувањето на тоалетната вода Arian pour Femme од пазарот, поради нејзината содржина која може да претставува хемиски ризик, пишува српска Република.

Во прашање е бутилфенил метилпропион, супстанца забранета од ЕУ во март 2022 година, откако беше откриено дека штети на плодноста. Тоалетната вода е од брендот Lotus Valley PERFUMES, произведена во Обединетите Арапски Емирати. Фотографии од спорната тоалетна вода објави и Државниот инспекторат на Хрватска, кој ги предупредува потрошувачите да престанат да ја користат.

Инаку, тоалетната вода се произведува во темно виолетово стаклено шише со квадратна форма со пластично капаче опкружено со златна боја, на кое со црни букви е испишано „LOTUS VALLEY“.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote