in ,

WTFWTF Што?Што?

БИЗАРНО! Уапсен бидејќи украл камила да ја фасцинира својата девојка!

Полицијата во Дубаи уапси човек затоа што украл скапо младенче од камила со цел да и ја подари на неговата девојка за роденден, објави денеска државниот весник на Обединетите Арапски Емирати.

Сопствениците на бебето камила пријавиле кражба од нивната фарма на почетокот на овој месец, па полицијата во Дубаи безуспешно ја пребарувала областа.

Неколку дена подоцна, граѓанин пријавил кај властите дека на неговата фарма се појавила скитничка камила, оддалечена околу три километри.

За време на испрашувањето, неговата оригинална приказна „паднала во вода“, па наскоро признал дека упаднал во фармата на неговиот сосед и украл редок вид камила за да и даде на својата девојка, и дека „бездомното младенче“ го пријавил во полиција бидејќи се плашел дека ќе биде уапсен., изјави полицијата.

Полицијата ја вратила камилата кај сопствениците и ги уапсила осомничениот и неговата девојка, обвинувајќи ги за кражба и давање лажна изјава, објави весникот.

Камилите некогаш биле составен дел од секојдневниот живот во Дубаи, кој сега е светска метропола и град на иднината во Персискиот Залив.

Некои луѓе сè уште одгледуваат камили за храна и млеко.

На Емиратите, трката со камили е многу популарна забава, но повремено се организира и изборот „Мис Камила“; што привлекува трговци кои се подготвени да платат милиони долари за најценети раси.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote