in

СлаткоСлатко

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 5 ОКТОМВРИ 2023

Времето денес:

 

Сончево со умерена, а на места повремено со значителна облачност. Попладне претежно во западните делови ќе има краткотраен локален дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во Скопје сончево со умерена облачност, која попладне повремено ќе се зголемува.

Денес и утре наместа ќе има значителна облачност, а претежно во западните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на грмежи. Утре долж Повардарието, а во недела во поголем дел од земјава ќе дува засилен северен ветер. Дневната температура во следните денови ќе се задржи над просекот за овој период.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote