in

СлаткоСлатко

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 9 ЈУНИ 2023

Времето денес:

 

Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во северните и источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со засилен ветер и појава на град.

Денес во попладневните часови претежно во северните и источните делови, а за време на викендов и во почетокот на следната седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote