in

СлаткоСлатко

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 17 МАЈ 2023

Времето денес:

 

Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно неврем со услови за изолирана појава на град, особено во источните делови.

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и со услови за појава на краткотрајно невреме.

 

И утре ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди, на места со повремени врнежи од дожд со грмежи и засилен ветер. Во петок и сабота ќе преовладува сончево и потопло време со умерена облачност, а од недела повторно се очекува дестабилизирање на времето.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote