in

СлаткоСлатко

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 18 АПРИЛ 2024

Времето денес:

 

Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, особено во северозападните делови каде ќе има услови за ретки грмежи. На повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови засилен западен ветер.

Во Скопје променливо облачно и посвежо со услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Под влијание на серија на влажни бранови до почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно наместа со повремени врнежи од дожд. Утре врнежите повеќе ќе бидат застапени во јужните делови, а во недела наместа ќе бидат пообилни. Поради спуштање на постудена воздушна маса на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на повисоките планини ќе се формира нова снежна покривка.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote