in

СлаткоСлатко

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 18 ЈАНУАРИ 2024

Времето денес:

 

Променливо облачно и потопло со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови каде ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 км/час).

Во Скопје променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Денес на повеќе места ќе дува засилен јужен ветер (над 60 км/час) што ќе допринесе температурите да бидат во значителен пораст. Ќе има повремени врнежи од дожд, особено во западните делови каде ќе бидат пообилни. Во петок ќе настапи преодно стабилизирање, а промена на времето ќе има во сабота. Под влијание на влажен и студен бран ќе има врнежи кои ќе бидат претежно од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни, особено во западните делови. На планините ќе се формира значителна снежна покривка (над 30 см), а во пониските места од 3 до 10 см. Ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието и температурите значително ќе опаднат.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote