in

СлаткоСлатко

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 21 АВГУСТ

Времето денес:

 

Времето денес (21.08 2023 год.): Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, a на места повремено засилен ветер од северен и североисточен правец. Попладне во северните делови претежно во планинските подрачја ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 38 степени. УВ=8
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец T= 37 °C, P= 981 hPa, U= 32 %, V= 5 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)

Во текот на работнава седмица времето ќе биде многу топло, а дневната температура на повеќе места ќе надминува 35 степени. Насекаде ќе биде активирано жолто, а во некои делови и портокалово ниво на опасност од висока температура. Од четврток ќе се зголемат условите за попладневна нестабилност со локален пороен дожд и грмежи.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote