in

СлаткоСлатко

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 4 ЈАНУАРИ 2024

Времето денес:

 

Променливо облачно, вдолж Повардарието и по одделни котлини со појава на магла. Од пладневните часови во западните и северните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен до југозападен правец.

Во Скопје променливо облачно и наутро магливо, претежно во пладневните часови краткотрајно со услови за дожд.

Преодно стабилизирање на времето ќе има утре и во сабота до крајот на денот. Нов влажен бран со врнежи претежно од дожд, само на високите планини од снег ќе започне од сабота навечер, а повремено пообилни врнежи ќе има во ноќта кон недела и во недела. Во понеделник ќе биде постудено, со услови за појава на дожд со слаб интензитет, а слаб снег ќе провејува на планините и понекаде во повисоките места.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote