in

СлаткоСлатко

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 7 ЈАНУАРИ 2024

Времето денес:

 

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините и понекаде на повисоките места во западните делови со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен вдолж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: претежно облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб променлив ветер.
T= 9 °C, P= 962 hPa, U= 78 %, V= 2 m/s.

Преку ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд на пониските места, од снег на планините, а во северните делови понекаде врнежите ќе преминуваат во снег и на повисоките места. Во ноќта кон вторник и во вторник претпладне врнежите ќе престануваат и особено во северните и источните делови повремен снег ќе паѓа и на пониските места. Од утре ќе дува умерен до засилен северен ветер најизразен во вторник и кон крајот на работната недела и ова ќе предизвика значително заладување во текот на следната седмица.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote