in

СлаткоСлатко

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 23 ЈАНУАРИ

Времето денес:

 

Претежно облачно со променлива облачност во поисточните делови. Од изутрина ќе има врнежи од дожд кои на места во попладневните часови ќе бидат обилни. На планините, а попладне и на некои повисоки места ќе има врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.

Во Скопје облачно со пообилни врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

 

Од денес претпладне до утре до пладневните часови ќе има пообилни врнежи од дожд (локално над 30 л/м2). Врнежи од снег ќе има на планините, каде снежната покривка значително ќе се зголеми, а денес од крајот на денот повремен снег ќе има и на некои повисоки места особено во западните делови. Потоа во следните денови ќе преовладува променливо облачно и постудено време со повремени локални врнежи од дожд и снег на планините. Во четврток претпладне во западните делови повремен снег ќе има понекаде и на пониските места.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote