in

ТаженТажен

Повредени над 10 лица: Земјотрес во Јапонија со јачина од 6,6 степени по Рихтер

Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди југозападниот и западниот дел на Јапонија, пришто се повредени над 10 лица. Локалните власти и јапонската Метеоролошка опсерваторија соопштија дека потресот не предизвикал цунами.

Епицентарот на земјотресот бил во Тихиот Океан, во зона покрај јапонскиот брег каде, според предвидувања, во иднина може да се очекува силен потрес проследен со цунами, пренесува агенцијата Кјодо.

Земјотресот е регистриран во 1:08 часот по локално време на длабочина од 45 километри во близина на брегот на островот Кјушу.

Шест лица се полесно повредени во градот Оита, а полицијата потврди за уште четири во градот Мијазаки. Повредени има и во префектурите Сага и Кумамото.

Во Оита по земјотресот дојде до привремен застој во испораката на струја, а пријавени се пукнатини на водоводни цевки на неколку локации во градот.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote