in

Што?Што? ТаженТажен

Жените имаат помала веројатност да преживеат срцев удар: Причините се поразителни

Случајните минувачи побавно обезбедуваат CPR на жените, а (неверојатните) причини за двоумење често ја надминуваат потребата за брза акција дури и во ситуација на живот и смрт.

 

Реанимација на јавно место е сè уште ретко, се случува само кај околу 37 проценти од сите срцеви настани што се случуваат на јавни локации, но реанимацијата е клучна техника која спасува живот, така што фактот дека полот игра значајна улога во одлуката на случаен минувач кој сведоци немил настан е шокантен.ќе го реанимира лицето.

Имено, жените имаат помала стапка на преживување од ненадеен срцев удар, делумно затоа што случајните минувачи побавно обезбедуваат CPR на жените отколку на мажите, покажува студијата на Европското здружение за кардиологија (ESCAPE-NET) објавена оваа недела.

Студијата покажала дека околу 45 отсто од мажите кои доживеале срцев удар на јавно место добиле реанимација, додека кај жените тој процент бил 39 отсто. Студијата исто така покажа дека мажите имаат 23 отсто поголеми шанси да преживеат. Непријатност од допирање на женски гради и страв од кршење на градниот кош или нанесување физички повреди се најнаведените причини за недавање помош на жените.

Спречувањето на случајните минувачи да дадат спасоносна реанимација на жена во срцев удар може да биде фактот што тие се срамат да ја соблечат облеката од непозната жена за да имаат подобар пристап до местото каде што треба да се направи масажа, но исто така, како што покажа студијата, стравот подоцна да не биде обвинет за сексуална злоупотреба.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote