Младиот португалски фудбалер, Жоао Феликс, кој настапува за Атлетико Мадрид, наскоро може да ја напушти Шпанија и да се пресели во Серија А.
Италијанските гиганти Јувентус и Интер сериозно се заинтересирани да го ангажираат Феликс и иако се свесни дека не можат да го платат обесштетувањето за португалскиот репрезентативец, тие подготвуваат размени.
Јувентус е подготвен на „Ванда Метрополитано“ да го испрати Пауло Дибала кој сè уште не потпишал нов договор со „старата дама“. Покрај тоа Јувентус е подготвен и да издвои одредена сума на пари.
Од друга страна,Интер нуди проста размена за да дојде до Жоао Феликс го нуди својот напаѓач Лаутаро Мартинез (23) кој и во минатото беше на радарот на Атлетико и тренерто Диего Симеоне. Лаутаро во текот на летото се поврзуваше со трансфер во Барселона, но поради финансиската криза на шпанскиот тим, тој трансфер не се реализира.
Коментари
Loading…