Совршенство за празничните трпези
Потребни состојки:
- 4 печени модри патлиџани
- 1 павлака (250 мл)
- 3 лажици мајонез
- 3 лажичи толчени ореви
- сол
- црн бибер
- 3 лажици маслиново масло
За сервирање:
- 1 лажица маслиново масло
- 1 лажичка мелен пипер
- 1 лажичка нане
Начин на подготовка:
Модри патлиџани се сечат на тенки коцки и се додаваат во тава со маслинов зејтин, додадете сол и пржете на тивок оган околу 10-тина минути. Од кога ке се оладат, додадете ја павлаката, оревите и мајонезот, комбинирајте ги сите состојки и ззачинете со сол и црн пипер.
Во мало тавче загреваме маслинов зејтин и додаваме нане и црвен мелен пипер, па со тоа го полеваме врз веќе подготвената салата и спремно е за сервирање.
Ако не сакате нане и црвен пипер, може да украсите само со магдонос.
На здравје 🙂
Коментари
Loading…