Брз и ефтин ручек за целото семејство.
Состојки:
- 350 гр тестенини
- 500 гр пилешки гради
- 600 мл јогурт
- 3 јајца
- 1 лажичка сув зачин
- 1,5 лажички црвен пипер
- 1,5 лажички лук во прав
- 3 лажици масло
- 60 гр сирење
Подготовка:
Исечете го пилешкото на големи коцки, а потоа додадете масло, сув зачин, црвен пипер и лук. Комбинирајте убаво. Потоа подмачкајте ја тавата, истурете ги макароните (не мора да готвите) и ставете го месото над неа.
Изматете ги јајцата, па додадете рендан кашкавал, сол по вкус и истурете јогурт. Добро промешајте, па прелијте преку месото. Покријте со алуминиумска фолија и печете во загреана рерна на 190 ° C околу 25 минути. Потоа отстранете ја фолијата и вратете ја да се пече уште 15-20 минути.
На здравје
Коментари
Loading…