Бродот кој го блокираше египетскиот Суетски канал може да предизвика недостаток на тоалетна хартија во светот. Валтер Шака, извршен директор на компанијата Сузано која произведува материјали потребни за правењето на тоалетна хартија, изјави дека големи количини од материјалите се заглавени токму во Суетскиот канал.
Бродот Евер Гивен, кој е голем колку една просечна висококатница, предизвика голем застој во еден од најупотребуваните премини во светот уште на 23ти Март. Дури 12% од глобалните пратки поминуваат токму преку Суетскиот канал.
Коментари
Loading…