Најдобриот фудбалер на сите времиња, Лионел Меси има 3 услови кои претседателот треба да ги исполни за Аргентинецот да остане на Камп Ноу, пренесуваат спортските медиуми.
Меси побарал да се донесе напаѓач од светски калибар. Лапорте планира да ја исполни оваа желба на Меси со ангажирањето на Серхио Агуеро. Вториот услов е Барселона да им дава поголема шанса на младите играчи. Тука спаѓаат Педри, Мориба и Фати. И последната желба на Аргентинецот е постојана и искрена комуникација со претседателот и него во двете насоки.
Коментари
Loading…