Не можете ни да замислите колку е добар вкусот.
Состојки:
- 800 мл млеко
- 16 лажици шеќер (во видеото 10)
- 2 пудинзи со вкус на бело чоколадо (100гр) што не вари
- 3 кесички желатин (30g)
- 400-500 гр овошје по ваш избор (во видеото малини и капини)
- 100 гр кокос
Подготовка:
Измешајте го млекото со шеќер и варете го додека не зоврие. Измешајте желатин со 18 лажици ладна вода. Додадете желатин во зовриено млеко и измешајте. Кога смесата ќе се олади додадете пудинг. Мешајте 3 минути со најголема брзина, а потоа со средна брзина уште 10 минути. Поделете ја смесата на 2 дела. На едниот додадете кокос, а во другиот овошје.
Калапот со димензии 12 × 27 см покријте го со проѕирна фолија, а потоа прелијте го делот со овошје, а преку него делот со кокос. Убаво израмнете и покријте го со фолија, па оставете го во фрижидер 2-3 часа. Префрлете се во плех за послужување.
На здравје!
Коментари
Loading…