Дали редовно го чистите подот и сè уште не изгледа чисто? Еве каде грешите!
Чистењето на подот е работа во која никој не ужива, но уште полошо е кога ќе се обидете да го исчистите, а сепак не изгледа чисто.
Ова се должи на грешка што многумина од нас ја прават при бришење на подот, што беше посочено од еден корисник на социјалните мрежи.
Имено, работата е во тоа што дрвените подови, како што се ламинат, паркет, не се чистат во вистинската насока. Како што објасни таа, важно е да се премести џогерот или крпата со која чистиме во правец во кој е нареден ламинатот или паркетот, бидејќи во спротивно, ние само туркаме прашина и нечистотија во просторот помеѓу наредените „летви“ на подот .
„Кога одите по линиите, ќе добиете убав и сјаен под“, рече таа.
Многумина рекоа дека никогаш не размислувале за тоа, но дека вреди да се проба.
Коментари
Loading…