ВРЕМЕТО ДЕНЕС:
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на места поројни и пообилни (над 15л/м2), проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
ВРЕМЕНСКА НАЈАВА:
Денес и утре ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со пообилен и пороен дожд, засилен ветер и ретки грмежи. Утре и во четврток на планините врнежите ќе бидат од снег. Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а нов влажен и постуден бран со врнежи од дожд, на планините од снег се очекува за време на викендот.
АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Под влијание на влажен бран од денес ќе има зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Локално се очекува да наврнат над 15 л/м2. Од среда ќе дува и умерен до засилен северозападен ветер, што ќе услови опаѓање на температурата за 6-8 степени. На планините врнежите ќе бидат од снег.
Коментари
Loading…