Маж во Австрија утрово бил каснат од питон долг 1,6 метри додека седел на тоалетна школка во неговиот стан, објави полицијата на провинцијата Стирија.
Според полициското соопштение, 65-годишен маж почувствувал болка во пределот на гениталиите, непосредно откако седнал во тоалетот во неговата бања во Грац.
Кога погледнал во вц-школката, виде „албино мрежасти питон“.
Се претпоставува дека змијата избегала од станот на 24-годишниот сосед преку канализационите цевки и влегла во тоалетот на жртвата.
Повикан е експерт за рептили кој ја фатил змијата и му ја вратил на сопственикот.
Полицијата соопшти дека помладиот сосед во својот стан, во терариуми и фиоки, чувал 11 не-отровни влекачи и змии геко. Тој се соочува со истрага поради сомнение дека ненамерно му нанел телесни повреди на својот сосед.
Коментари
Loading…