Состојки:
четири јајца 1 кг нектарини 150 гр мелени бадеми 100 гр брашно 100 гр путер 100 гр шеќер две лажички прашок за пециво презла за посипување на плехот
Подготовка:
Измијте ги нектарините, извадете ги коските и секое овошје исечете го на половина. Јајцата со шеќер се матат со миксер, а во друг сад се мешаат брашното, прашокот за пециво и бадемите.
Омекнатиот путер полека го додаваме во смесата од јајцата и шеќерот, па додека мешаме истурете ги сувите состојки и убаво измешајте. Тавата за печење намачкајте ја со путер и посипете ја со презла.
Истурете ја смесата, а на површината намачкајте половини од нектарина. Се пече во рерна загреана на 180 степени околу половина час.