in ,

Што?Што? ТаженТажен

Адел отвори душа пред публиката за своето ментално здравје

BIRMINGHAM, ENGLAND - MARCH 29: Adele performs at Genting Arena on March 29, 2016 in Birmingham, England. (Photo by Gareth Cattermole/Getty Images)

Британската поп дива Адел на својот последен концерт во Лас Вегас ја отвори душата пред своите обожаватели и проговори за своето ментално здравје. Пејачката откри дека повторно разговара со својот терапевт, прв пат по разводот од нејзиниот поранешен сопруг Симон Конечни во 2019 година.

„Повторно почнав со терапии на кои не одев неколку години. Морав да почнам. Порано кога поминував низ периодот на разводот, одев на пет терапии дневно. Но, престанав да се чувствувам одговорна за своето сопствено однесување“ – призна Адел.

 

Таа на своите обожаватели им откри дека терапијата и е чпотребна за да може да го даде најдоброто од себе на претстојните настапи

„Мојата терапија оваа недела беше навистина интересна. Беше токму за овие мои концерти. Секогаш станувам многу емотивна. Сакам да создавам музика, но постои нешто во настапот во живо што ме ужаснува и ме исполнува сос страв“ – беше искрена пејачката.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote