in

Што?Што?

Дали можете да се здебелите од антибиотици?

Според Харвард хелт, студија од 2018 година покажала дека децата кои редовно земаат антибиотици се изложени на поголем ризик од дебелина од децата кои земаат помалку лекови. Спроведени се неколку студии за поврзаноста помеѓу антибиотиците и тежината.

 

Рошини Рај, гастроентеролог и лекар по интерна медицина, вели дека антибиотиците убиваат и многу здрави, добри бактерии во цревата, што може да го исфрли дигестивниот систем од рамнотежа и да овозможи прекумерен раст на лошите бактерии кои можат да предизвикаат зголемување на телесната тежина.

Лошите цревни бактерии можат да ја поттикнат желбата за храна, гладот и воспалението и може да ја зголемат количината на енергија што му е потребна на вашето тело за да ја вари храната, што потенцијално резултира со чувство на тромост и замор. Рај додава дека „поради недостаток на добри бактерии, може да бидете повеќе подуени и да имате нередовна столица“.

Калапаи наведува дека антибиотиците можат да влијаат на природните организми во цревата, па така може да предизвикаат габични инфекции кај некои луѓе. Затоа, многу е важно заедно со антибиотиците да се земаат и пробиотици, кои делуваат како балансирачко средство за контрола на нормалната цревна флора.

Рај се согласува со него, наведувајќи дека пробиотиците имаат голем број здравствени придобивки.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote