in

Што?Што?

Девојче најде дијамант од 2,95 карати за време на нејзината роденденска прослава

Среќно девојче го добила својот неочекуван роденденски подарок кога во Арканзас (САД) открила златно кафен дијамант од 2,95 карати.

Девојчето го открило дијамантот додека го прославувала својот седми роденден во државниот парк „Кратер оф дијаманти“ во Марфресборо, Арканзас, се вели во соопштението за печатот од паркот.

„Откритието на Аспен Браун од 1 септември е второто по големина пријавено од гостин во паркот оваа година, а пред него е 3,29-каратниот кафен дијамант откриен во март. Браун го посети паркот со татко и и баба и за да го прослави својот роденден. Го нашла скапоцениот камен со големина на грашок она патека долж североисточната страна од областа за пребарување“, се вели во соопштението.

Службениците на паркот подоцна потврдија дека Браун навистина го открила дијамантот.

„Дијамантот на Аспен има златно-кафеава боја и блескав сјај. Тоа е целосен кристал, без скршени страни и мала пукнатина од едната страна, создадена кога се формирал дијамантот. Сигурно е еден од најубавите дијаманти што сум ги видел последниве години“, вели Вејмон Кокс, помошник началник на паркот.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote