in

СлаткоСлатко

Германка го чистела домот за Божиќ и пронашла старо лото ливче кое и донело мало богатство

Жителка на Германија која неодамна налетала на среќка стара две години, додека чистела низ дома за Божиќ, била шокирана кога открила дека освоила околу 99.530 евра, известуваат локалните медиуми, пренесува „New York Post“.

 

Анонимната жена од Магдебург играла „Lotterie Super 6“ уште во февруари 2021-ва година и наводно го ставила ливчето во фиоката од масата и сосема го заборавила. Вложила околу 40 евра играјќи ги истите бројки, уплаќајќи претплата на извлекување во текот на четири недела.

„Не можам да верувам! Чувството е како повторно откривање на закопано богатство“, рекла среќничката за медиумите, откривајќи дека одмор и е високо на листата идеи како да потроши дел од парите.

Службениците од лотаријата известуваат дека ливчето било во беспрекорна состојба кога го примиле. Инаку, во Саксонија сè уште се бараат добитниците кои во 2021-ва година освоиле вкупно 597.200 евра, а досега не се јавиле. Добитниците од 2021-ва година можат да ги подигнат парите најдоцна до 31-ви декември 2024-та година.

„Ова е единствениот шестцифрен“ износ на добивка кој е отворен толку долго, рекол за „Der Spiegel“ Штефан Еберт, директор на лотаријата.

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote