in ,

СлаткоСлатко

Книга „Хари Потер“ купена за 30 пени продадена на аукција за 10.500 фунти

Примерокот на „Harry Potter and the Philosopher’s Stone“ е еден од само 500-те што постојат и го купил колекционер од Стафордшир кој починал на почетокот на годинава. Книгата завршила во складиште при преселба, поради што неговата сестра помислила дека е изгубена.

Аукцијата се одржа во Личфилд, а новиот сопственик издвоил 10.500 фунти.

Книгата беше објавена во 1997 година и овој примерок е еден од вкупно 300 што беа испратени во библиотеките. Човек кој живеел во Бурнтвуд го купил од библиотека во Вулверхемптон. Неговото семејство рече дека знаеле за вредната книга, но верувале дека е изгубена.

Откако сопственикот се преселил, примерокот завршил во една од стотиците кутии. Бил страстен љубител на книгите и ненадејно починал на 56-годишна возраст. Книгата подоцна била пронајдена меѓу неговите работи.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote