in , ,

Што?Што?

Мурињо – Немам објаснување за Ренато Санчез

Рома успеа да ја отвори сезоната во Лига Европа со победа над Шериф, но тимот на Жозе Мурињо мораше да се соочи со повреда на еден важен фудбалер.

Уште во првиот дел беше направена принудна замена во која Ренато Санчез ја напушти играта поради повреда, а тренерот Жозе Мурињо не криел дека е фрустриран поради ситуацијата со Португалецот кој дојде како засилување ова лето.
 На Санчез му требаат натпревари со висок интензитет за да влезе во ритам, но за жал таква е ситуацијата.

Тој секогаш ќе биде под ризик да се повреди, тешко е да се разбере што се случува.

Не успеаја да сфатат што му се случува ниту во Монако, ниту во Баерн и ПСЖ, истото ни се случува и нам, – изјавил Мурињо.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote