in ,

УбавоУбаво СлаткоСлатко

Палачинки со слатки компири

Овојпат ние ви го пренесуваме рецептот за латкес со слатки компири.

Потребни состојки:

  • 650 гр слатки компири
  • 50 гр брашно
  • 2 јајца
  • 1 мал кромид
  • 1 лажичка лук во прав
  • сол и бибер по желба
  • масло за готвење
  • павлака за сервирање

Подготовка:

Излупете ги слатките компири и изрендајте ги. Потоа, исчистете го кромидот и, исто така, изрендајте го. Ставете ги изренданите компири и кромид во чиста кујнска крпа и убаво процедете ја течноста која е вишок. Изренданите компири и кромид ставете ги во поголем сад. Додајте им јајца, брашно, лук во прав, сол и бибер и убаво измешајте.

Загрејте масло во поголема тава, врз него ставете две до три лажици од подготвената смеса и обликувајте мала палачинка. Пржете ја палачинката три до четири минути, а потоа внимателно превртете ја на другата страна и продолжете со готвењето со истата минутажа. Палачинките однадвор треба да бидат крцкави, а внатре меки.

Послужете ги палачинките со кисела павлака.

Добар апетит!

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote