in

СлаткоСлатко

Пиењето премногу кафе во еден ден доведува до несакани ефекти

Cup of hot beverage on coffee beans. ** Note: Shallow depth of field

Се препорачува да не се консумираат повеќе од 28 шолји кафе неделно, што е околу четири шолји дневно. Меѓутоа, прекумерното пиење кафе може да предизвика негативни ефекти врз здравјето. Една студија, која проценила 40.000 возрасни лица, покажала дека пиењето повеќе од четири шолји кафе дневно предизвикува несакани ефекти врз телото.
Друга неодамнешна студија на Европското здружение за кардиологија покажа дека две- три шолји дневно се прифатливи. Покрај тоа, забележано е дека сите видови кафе, мелено, инстант и без кофеин, имаат позитивни ефекти, кои можат да го продолжат животот. Меѓутоа, според истражувањето, ако сте меѓу оние што ги надминуваат овие дози, можеби е паметно да ги процените овие несакани ефекти.

 

Чувство на вознемиреност

Типична шолја кафе содржи 95 милиграми кофеин. Значи, ако пиете повеќе од четири шолји кафе, консумирате околу 500 милиграми кофеин дневно. Една студија спроведена од „Џрнал оф псајкофармаколоџи“ известува дека тешките корисници на кофеин може да доживеат високи нивоа на стрес, анксиозност, па дури и депресија.
Студијата вели дека консумирањето повеќе од 1.000 милиграми кофеин неделно се покажало дури и како предиктор за висока анксиозност. Додека анксиозноста и стресот се работи за кои треба да се разговара со медицинско лице, особено во однос на менталното здравје, исто така е важно да го процените внесувањето кофеин и да се префрлите на подобри навики во иднина.

Лош сон

Редовното консумирање кафе може да предизвика проблеми со нормалниот режим на спиење, особено ако попладне уживате во шолја од вашиот омилен пијалак. Едно истражување оценило 197 средношколци, каде што мешан број корисници на умерено внесување кофеин пријавиле рано утринско будење и дневна сонливост во споредба со групата што пиела помали количества кофеин. Иако има многу здравствени придобивки од редовното пиење кафе, намалувањето на дневното внесување кафе на минимум, особено наутро, може да ви помогне да спиете подобро навечер.

Забрзано чукање на срцето

Иако една контролирана студија покажа дека пиењето 100 милиграми кофеин на секој час до пет часа не предизвикува зголемување на отчукувањата на срцето, пиењето значителни количества може да предизвика промена на отчукувањата на срцето, но за тоа би било потребно значително количество кофеин.

Треперење

Ако некогаш сте почувствувале нервоза по премногу шолји кафе – тоа всушност може да се дефинира како предозирање со кофеин, за кое „Хелтлајн“ наведува дека може да предизвика главоболки, нервоза, проблеми со спиењето и гореспоменатото забрзано чукање на срцето.

Замор

Природно е да се свртите кон кафе или други форми на кофеин кога се чувствувате уморно. Но консумирањето премногу кофеин, всушност, може да има негативен ефект, особено ако содржи додадени шеќери. Во студијата објавена од „Иновејшн ин клиникал неуросајенс“, во која на учесниците им биле давани одредени количества енергетски пијалаци со кофеин, редовното консумирање пијалоци со кофеин, особено оние со шеќер, предизвикало ментален замор кај учесниците. Кога планирате да спиете, не посегнувајте по кафето, бидејќи тоа ќе ве држи будни, а нарушениот сон подоцна ќе предизвика уште поголем умор во текот на денот, создавајќи маѓепсан круг.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote