in

ТаженТажен

Сите со неверување – Почина Метју Пери од серијата „Пријатели“

На 54-годишна возраст почина Метју Пери, актерот кој беше најпознат како Чендлер Бинг од серијата „Пријатели“.

ластите одговориле на повик околу 16 часот од неговиот дом, каде што бил пронајден во џакузи без знаци на живот. На местото на настанот не е пронајдена дрога. Според други извори, безживотното тело на пери го пронашол неговиот асистент.

– Скршени од тага сме поради смртта на нашиот драг пријател Метју Пери. Метју беше неверојатно надарен актер и неизбришлив дел од семејството на телевизиската група на Ворнер Брос, се вели во соопштението на компанијата.

– Влијанието на неговиот комичен гениј се почувствува низ целиот свет, а неговото наследство ќе живее во срцата на многумина. Ова е ден што го крши срцето и ние ја испраќаме нашата љубов до неговото семејство, неговите најблиски и сите негови посветени обожаватели, додава Ворнер Брос.

Роден во Вилијамстаун, Масачусетс, од татко актер и мајка новинарка, Пери отиде да живее со мајка му во Отава, Канада, откако неговите родители се разделија.

Пери беше во врска со книжевната менаџерка Моли Хурвиц во 2018 година, а парот се сврши во 2020 година. Тие ја прекинаа свршувачката во 2021 година, а Пери тогаш изјави: „Понекогаш работите едноставно не функционираат и ова е една од нив. На Моли и посакувам се најдобро“.

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote