in

СлаткоСлатко

Приватност? Современите автомобили собираат многу податоци за вас и вашиот стил на возење

Новите модели нудат бројни системи за асистенција, но и комуницираат со производителот и му обезбедуваат различни информации.

 

Верувале или не, автомобилите можат да генерираат до 25 GB податоци за само еден час возење.
Така, сопствениците на новиот пикап Ford F-150, најпопуларниот модел во Америка, треба да знаат дека производителот добива информации за брзината на движење на секое возило, но и, на пример, колку силно возачот го притиска педала за гас.

Тојота вели дека собира податоци за положбата на воланот, забрзувањето, брзината, сопирањето и дестинациите за патување. Некои автомобили буквално го скенираат лицето на возачот пред да тргнат.

„Овие податоци не можат да бидат прочитани од луѓе, а скеновите на лицето се складираат само во возилото и не се пренесуваат на Тојота“, објаснува портпаролот на јапонската компанија.

А Шевролет снима податоци, односно параметри за возење, но и локација, правци на возење, па дури и донекаде неважни податоци за отворање на прозорците на возилото.

Ако возите електричен автомобил, производителот ќе ги анализира податоците кога ќе го полните возилото дома.

Секојдневно во базата на податоци се испраќаат гигабајти лични податоци за обработка, а американските производители предничат. Притоа, тие самите не бегаат од тоа, туку гордо признаваат дека комуницираат со возилото.

И значителен дел од тие податоци несомнено завршуваат во рацете на брокерите на податоци, осигурителните компании, владата и други.

Тоа е комбинација од податоци што ги анализира страницата Privacy4Cars за да дојде до извештаите за приватност на возилата врз основа на официјални документи и согласности од поединечни производители.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote