in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

ПОПУЛАРЕН ИТАЛИЈАНСКИ РЕЦЕПТ ЗА КИФЛИЧКИ (ВИДЕО)

Италијанската кујна е меѓу најпознатите и најпопуларните во светот, а што и да одберете е неверојатно вкусно. Голем избор на тестенини, пици, месо, но и деликатеси како што е познатото тирамису или панакота. Ви предлагаме да направите меки кифлички по стариот рецепт на италијанските баби, бидејќи доколку сакате познати специјалитети, овие кифлички ќе ве воодушеват.

Состојки:

400 мл топло млеко
200 мл масло
100 гр шеќер
20 гр квасец
2 јајца
1 белка од јајце
900 гр брашно
1/2 лажичка сол
1 лажичка прашок за пециво

 

За премачкување:

1 жолчка од јајце
стопен маргарин
малку млеко
сусам

Подготовка:

Измешајте млеко, масло, јајца, белки, шеќер и квасец. Добро соединете. Потоа додадете брашно, сол и прашок за пециво и замесете тесто. Намачкајте го малку и оставете го да отстои 3 часа, покриено секако. Замесете тесто, па поделете го на 4 еднакви делови. Обликувајте топчиња, покријте и оставете да отстои 5 минути. Расукајте го тестото, премачкајте го со растопен путер и исечете го на триаголници. Направете мал рез на секој триаголник од тесниот кон поширокиот дел (види слика). Завијте. Ставете ги во плех обложен со хартија за печење и оставете ги да отстојат половина час. Изматете ги жолчките со малку млеко и премачкајте ги кифличките, па посипете ги со сусам. Се пече во загреана рерна на 200°C околу 30 минути.

 

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote