in ,

Што?Што?

Бизарно – скокнал со чадор од 8 кат на зграда (видео)

Маж во градот Новосибирск, Русија, држејќи отворен чадор скокнал од осмиот кат на зграда, по што починал на пат кон болница.
“Пред да падне, силно викаше, вознемирувајќи ги сите. Се чинеше дека многу испил, со чадорот се качи на балконот и падна“, изјавија очевидци за Atas.info.

 

Соседите веднаш повикале брза помош и болничарите се обиделе да му укажат прва помош. Меѓутоа, мажот починал во возилото на Брзата помош на само неколку метри од болницата.

„Жртвата беше на возраст од 40 години. Тој се здоби со повреда на главата и скршеница на ногата“, изјави извор за Atas.info.

„Полицијата прими дојава за инцидентот и полицајците се упатија на местото на настанот“, коментираат од полициската управа во Новосибирск.

Во меѓувреме полицијата отвори истрага за околностите за трагичното загинување на овој човек.

Како ви се допаѓа?

-1 поени
Upvote Downvote