in

СлаткоСлатко

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 10 НОЕМВРИ 2023

Времето денес:

 

 

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено од средината на денот и најпрвин во западните делови од земјата каде што повремен дожд ќе има и во ноќните часови. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Во Скопје променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд.

Од денес под влијание на влажен бран времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои на повисоките планини повремено ќе преминуваат во снег. Наместа и особено во планинските региони ќе има пообилни врнежи, а во сабота и локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Утре и во сабота ќе дува засилен ветер од јужен и југозападен правец. Во почетокот на следната седмица ќе има преодно стабилизирање на времето.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote