in

СлаткоСлатко

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 11 МАРТ 2024

Времето денес:

 

Променливо облачно. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни и поројни (над 20 l/m2), проследени со појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (над 70 km/h).

Во Скопје променливо облачно, попладне и во вечерните часови со врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец.

Под влијание на циклонска активност денес попладне, во текот на ноќта и утре времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со врнежи од дожд. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен и пороен дожд (над 20 l/m2), проследени со силен ветер (над 70 km/h) и појава на грмежи.
Во деновите потоа ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд со слаб интензитет.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote