in

СлаткоСлатко

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 12 ЈАНУАРИ 2024

Времето денес:

 

Наутро студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен до северозападен правец со брзина и над 60 km/h.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

До недела времето ќе се задржи стабилно, суво и студено со ниски утрински температури. Денес вдолж Повардарието и во источните делови ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец повремено со брзина од над 60 км/час, а утре ветерот краткотрајно ќе засилува. Во понеделник и вторник ќе има зголемена облачноста проследена со повремени врнежи од дожд, а на некои повисоки места и планини особено во западните делови од повремен снег.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote