in

СлаткоСлатко

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 20 МАРТ 2024

Времето денес:

 

Утрото студено, преку денот сончево со појава на мала облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Во Скопје наутро студено, преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Следува период на стабилно време со северен ветер и со ниски утрински температури кои наместа ќе се спуштат под нула, но ќе бидат во постепен пораст. Во петок попладне и сабота од пладневните часови наместа ќе има услови за краткотраен дожд. За време на викендот ќе дува слаб до умерен јужен ветер кој во понеделник се очекува да засилува.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote