in

СлаткоСлатко

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 4 МАЈ 2023

Времето денес:

 

Променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер, а ќе има услови за изолирана појава на краткотрајно невреме.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Под влијание на циклонска активност денес времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер, а ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Во петок и сабота ќе преовладува претежно стабилно и потопло време. Од недела следува период на нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи.

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote