in

СлаткоСлатко

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 5 ЈАНУАРИ

Времето денес:

 

Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини и долж Повардарието ќе има појава на магла и ниска облачност, кои преку денот краткотрајно ќе се намалат. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Во Скопје претпладне со појава на магла или ниска облачност, која преку денот делумно ќе се намали.

До недела ќе се задржи периодот на стабилно и претежно тивко време. По котлините и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет. Утре ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, поизразен вдолж Повардарието што ќе предизвика во текот на денот по одделни котлини условите за магла да се намалат. Во понеделник претпладне сеуште ќе има појава на магла, а во попладневните часови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote