in

СлаткоСлатко

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 8 НОЕМВРИ

Времето денес:

 

Претпладне со магла или ниска облачност по одделни котлини особено вдолж пошироко Повардарие. Во местата со подолготрајна магла температурата ќе биде најмногу до 14 степени. Во останатите делови ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Скопје претпладне со појава на магла која во делови од котлината ќе биде подолготрајна. Попладне краткотрајно ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец.

До петок времето ќе биде стабилно и претежно тивко со магла по одделни котлини. За време на викендот ќе биде ветровито со зголемена облачност и повремени врнежи од дожд, а дневната температура позначително ќе опадне.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote